Добродојдовте во Ла Лорен Македониja!

Нашата страст е печење, а нашите потрошувачи можат да го почувствуваат тоа веднаш штом ги пробаат нашите производи! Откријте како страста на белгиските пекари се рефлектира во автентичниот вкус и високиот квалитет на нашите производи!

Ла Лорен во Европа и Македониja 

Историјата на Ла Лорен започнала во 1939 година во мала домашна пекара во Брисел. Ла Лорен Бејкери Груп сеуште е 100% белгиска семејна компанија, но нејзиниот пазар е енормно изменет. Компаниската пекара, со годишен обрт од околу 800 милиони евра и 4.000 вработени, сега е достапна низ цела Европа. Експанзијата на компанијата во Централна и Источна Европа започна во 2005 година, прво во Чешка и Полска, а потоа во 2017 година во Македониja со широка селекција на леб, слатки и солени пецива и слаткарски производи. Компанијата става голем акцент на квалитетот, направен од природни состојки, со автентичен вкус и секогаш сака да овозможи свежи производи на трпезата на своите потрошувачи. Во Македониja, Ла Лорен ги продава своите производи преку сите меѓународни трговски ланци со храна и безброј мали продавници. Работејќи со своите партнери, 2 регионални менаџери за продажба и канцелариски персонал, помагаат во одвивањето на секојдневната работа без проблеми. Производите на Ла Лорен се со одлична вредност за парите на пазарот и се жив доказ дека рачно изработениот изглед и квалитет може да се произведат и во индустриско производство.

Ла Лорен во Европа и Македониja 
Ја водам mакедонската организација Ла Лорен од 2017 година. Денес, пазарот е темелно трансформиран и нашите производи може да се пронајдат во сите меѓународни трговски ланци и во многу помали маркети низ земјата. Нашата цел е да им понудиме на нашите бизнис партнери едноставен, широк и квалитетен асортиман на производи, а купувачите секогаш ќе најдат свежи, вкусни и здрави печени производи во нивното омилено продажно место. Низ нашиот широк избор, секој може да пронајде она што најмногу му одговара: со дополнување на "секојдневното полнење", исто така нудиме и голем број специјалитети, а нашите купувачи можат да запознаат сосема нови производи и нови  култури на храна. На овој начин им помагаме на семејствата да јадат што подобро и поразновидно.

Ладислав Гадоши, Ла Лорен Македониja

Нашите трговски марки во Македониja

Им стоиме на располагање на нашите оператори со храна и гастро партнери, со нашите трговски марки и асортиман на производи прилагодени на нивните потреби.

Како можеме да ви помогнеме?

Имате прашања? Потребни ви се информации? Внесете ги вашите податоци за контакт како би можеле да ве исконтактираме.

Working@

Тоа не е само работа, тоа е страст! Има заедничка страст за околу 4.000 вработени кои работат во производство, дистрибуција, продажба, маркетинг, финансии или инженеринг и ИТ. Резултатот на нивниот заеднички труд е она што купувачите го перцепираат секој ден кога ги купуваат нашите производи.

Одете на веб страницата