Ла Лорен во Европа и Македониja
Историјата на Ла Лорен започнала во 1939 година во мала домашна пекара во Брисел. Ла Лорен Бејкери Груп сеуште е 100% белгиска семејна компанија, но нејзиниот пазар е енормно изменет. Компаниската пекара, со годишен обрт од околу 800 милиони евра и 4.000 вработени, сега е достапна низ цела Европа. Експанзијата на компанијата во Централна и Источна Европа започна во 2005 година, прво во Чешка и Полска, а потоа во 2017 година во Македониja со широка селекција на леб, слатки и солени пецива и слаткарски производи. Компанијата става голем акцент на квалитетот, направен од природни состојки, со автентичен вкус и секогаш сака да овозможи свежи производи на трпезата на своите потрошувачи. Во Македониja, Ла Лорен ги продава своите производи преку сите меѓународни трговски ланци со храна и безброј мали продавници. Работејќи со своите партнери, 2 регионални менаџери за продажба и канцелариски персонал, помагаат во одвивањето на секојдневната работа без проблеми. Производите на Ла Лорен се со одлична вредност за парите на пазарот и се жив доказ дека рачно изработениот изглед и квалитет може да се произведат и во индустриско производство.